Двајцата музичари преку несекојдневен аранжман само со клавир и вокал ја преработија песната за која двајцата велат дека им е една од омилените од најдобриот артист на Балканот.


Боби Мојсоски и стана познат на јавноста по неговото учество на минатогодишниот Избор за песна на Евровизија со песната „Те краде тој“, за која тој ја освои наградата за Најдобра вокална интерпретација и го доби третото место за најдобра песна на фестивалот „Дискавери“ во Варна. Минатата година тој исто така се здоби со уште едно признание од Интернационалниот музички арт фестивал „Езерски Бисери“ кој е дел од Светската Асоцијација на Фестивали на кој ја освои наградата Прв Лауреат (1-во Место) во дисциплината Естраден Вокал од четврта категорија (19 – 25 години).

Наскоро публиката може да очекува и нов видео запис од Боби снимен за нумерата “Ќе нема следен пат“ од авторскиот тим Лазар и Магдалена Цветкоски, која беше изведена на Макфест 2011. Видео записот се снимаше во клубот Калео во Охрид, а го работи DEC Productions.

OhridNews