Во Варшава денеска ќе се одржи меѓународна донаторска конференција во коорганизација на премиерите на Полска и Шведска, Матеуш Моравјецки и Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Настанот има за цел да обезбеди хуманитарна помош за Украина.

Конференцијата ќе се одржи на ниво на шефови на држави или влади, со учество на претставници на светски финансиски и деловни институции. Во наредните месеци ќе започнат серија настани за поддршка на Украина, која е разурната од војната.

Конференцијата има за цел да собере средства за растечките хуманитарни потреби на Украина. Полска и Шведска сакаат да ги охрабрат своите партнери да преземат заедничка акција за сложената хуманитарна ситуација во Украина. Руската агресија резултираше со цивилни жртви, принудни депортации и континуирано влошување на финансиската состојба на милиони луѓе. Денес ни треба вистинска солидарност за да можеме ефективно да го поддржиме украинското општество, соопштија организаторите на настанот.

Според ОН, на 13 милиони луѓе кои живеат на територијата на Украина им е потребна хуманитарна помош, вклучувајќи засолниште, храна и лекови. Затоа е исклучително важно да се мобилизира итна меѓународна помош за Украина, бидејќи досега оваа помош покрива помалку од 15 проценти од потребите на земјата, посочуваат организаторите на конференцијата.

OhridNews