Полското државно обвинителство во вторник соопшти дека нема никакви докази за траги на експлозив во остатоците од владиниот авион кој пред две години се урна во близина на Смоленск, во Русија, при што загина полскиот претседател и уште 95 луѓе.
Весникот Рзецзпосполита, без да наведе извор, објави дека обвинителите и експертите за експлозиви пронашле траги од ТНТ и нитроглицерин на крилата на авионот и во кабината.
Траги од експлозив се пронајдени и на подрачјето во близина на Смоленск каде на 10 април 2010 година се урна владиниот Ту-154.
„Не е точно дека остатоците од експлозив и нитроглицерин се пронајдени на крилата на авионот и во кабината“, изјави на прес конференција Иренеуш Шелаг, портпаролот на военото државно обвинителство задолжен за истрагата.
Руските истражители за несреќата ги обвинија пилотите на авионот поради обидот да слетаат во густа магла, дека полската страна тврди дека контролата на летање не смеела да дозволи слетување на авионот.
Според службените извештаи, истражителите не пронашле докази за вмешаност на трета страна во несреќата.
Меѓутоа, полскиот весник не ја исклучува можноста трагите од експлозив да потекнуваат од неактивирани бомби од Втората Светска Војна кои сеуште ги има на подрачјето околу Смоленск.
извор:„Макфакс“