Полскиот клуб Азоти Пулави сериозно загриза за услугите на хрватскиот стратег Лино Червар, кој е на клупата од Металург.

Од Азоти го потврдија интересот дека Червар се наоѓа во потесниот избор за тренер, кој ќе го предводи клубот. Нивните апетити пораснаа откако клубот го презедоа моќни спонзори.

– Имаме контакт со Червар, но рано е да се каже дали тој ќе се нафати да биде наш тренер во наредната сезона. Секако, таа опција не ја отфрламе ниту за во иднина – стои во соопштението од клубот.

Мх.П.