Амбасадорот на Полска во Република Македонија, Н.Е. Карол Бакули, денеска престојува во Охрид.

Полскиот амбасадор утрово оствари средба со градоначалникот на Охрид Александар Петрески. На средбата станало збор за соработкатата во областа на туризмот, економијата и културата, а се разговарало и за посетата на висока државна делегација на Полска на Охрид, што треба да се реализира во месец мај.


Амбасадорот на Полска Карол Бакули во посета на Охрид

На средбата било договорено да се афирмира Охрид во Полска со туристичка понуда која ќе биде претставена на еден од позначајните саеми за туризам во Полска. Исто така било договорено полски уметници да настапат на Охридско лето како и на  светскиот фестивал на хорови што во август ќе се одржи во Охрид. Градоначалникот Петрески идниот месец ќе ја посети Полската амбасада во Скопје каде ќе се разговара за подготовките на самитот на претседатели на земјите од Средна Европа што ќе се одржи во Охрид во почетокот на мај.

ohridnews