Полскиот фудбалски судија Павел Рачковски се најде во фокусот на скандал во Грција каде вечерва требаше да го суди првенствениот натпревар меѓу АЕК и Арис во Атина.

Како што наведуваат грчките медиуми, Рачковски утринава со своите помошници во видно алкохолизирана состојба правел проблеми на атинскиот аеродром.

Стив Бенет, претседателот на Фудбалската федерација на Грција, мораше итно да именува алтернативни грчки судии за натпреварот закажан за во 17 часот.

Рачковски веќе подолг период е ангажиран да суди на натпреварите од грчкото првенство, а неодамна беше и главен арбитер на најголемото грчко дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос.

OhridNews
Фото: Илустрација – Фрипик