На граничниот премин Св.Наум, вчера, за излез од Македонија се пријавило патничко моторно возило „ Шкода Фаворит“ со охридски регистарски ознаки управувано од полски државјанин.При извршената гранична проверка било утврдено дека возилото е сопственост на 62- годишен жител на Елшани, а странскиот државјанин не поседувал одобрение за управување туѓо возило и Меѓународно осигурување (зелен картон).

Поради основи на сомнение дека се работи за кривично дело „кражба на моторно возило“, полскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Во возилото биле пронајдени лични документи од сопственикот кој, по обавен разговор, потврдил дека возилото  е украдено. Полскиот државјанин е изведен пред недлежен судија при што му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.

OhridNews