Авионот што летал од Варшава кон Египет морал денеска принудно да слетал во Бургас, во Бугарија, откако примил дојава за поставена бомба, објавија регионалните медиуми.
„Еден патник рече дека во авионот се наоѓа бомба, па авионот принудно слета на аеродромот во Бургас“, изјавила портпаролката на аеродромот.
Полските патници, вкупно 161, биле евакуирани, а безбедносните служби го прегледале леталото што било на пат за Хургада, во Египет.
Патникот што ја предизвика тревогата бил испратен на испитување.
OhridNews