Македонската кошаркарска репрезентација ја пречекува Естонија во последниот натпревар од квалификациската “Б“ Група за пласман на ЕП во Полска 2009 година.

Ние сме речиси сигурни учесници на ЕП и со досегашните 3 победи, но триумф против Естонија ќе го потврди нашето место во Полска, без оглед на резултатите од другите натпревари.

Очекувам арената “Борис Трајковски“ во сабота да биде полна до последното место, и заедно со нашата публика да го прославиме пласманот на ЕП. Сметам дека може да имаме мали проблеми со Естонија на почетокот на натпреварот, бидејќи овој дуел е од големо значење за нив. Тие само со победа ќе ги избегнат натпреварите за опстанок во “А“ Дивизијата – вели за веб страницата на КФМ македонскиот селектор Јовица Арсиќ.

За селекторот Арсиќ единствена непозната е кој ќе биде 12 играч кој ќе го замени Илиевски во нашиот табор. Прашањето е Дарко Соколов или Јане Петровски.

М.П.