Полската фудбалска репрезентација нема да го одигра мундијалскиот бараж против Русија на крајот на март во Москва, објави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Полска, Цезар Кулеша.
Русија треба да и биде домаќин на Полска на 24 март, во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар, а во случај на победа Русите повторно во Москва во финалето би го пречекале победникот од дуелот меѓу Чешка и Шведска.
Шведската федерација во четвртокот, по повод руската инвазија на Украина, соопшти дека пат за Москва и дуел против Русија “во овој момент е незамисливо“.
Полската репрезентација нема да патува за Москва и нема да игра против Русија по повод сè што се случува изминатите денови, односно инвазијата, која таа земја ја насочи кон Украина. Тоа е единствената исправна одлука во овој момент. Ние ќе разговараме со раководствата на шведскиот и чешкиот сојуз и ќе изнесеме заеднички планови пред ФИФА, изјави Кулеша.
OhridNews