Полскиот Парламент усвои резолуција со која Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР) е обвинет за геноцид во Украина, во периодот од 1932 и 1933 година.
Полските историчари процениле дека во 1932 и 1933 година во Украина како последица на Сталиновиот режим, од глад умреле околу 10 милиони луѓе, што е третина од тогашното население.
Резолуцијата во полскиот Парламент е усвојена во период кога односите односите помеѓу Москва и Варшава се сериозно нарушени.
Властите во Полска пред две години ја поддржаа и портокаловата револуција во Украина