Една многу упорна жителка на Јужна Кореја, која почнала да учи да вози во април 2005 година, конечно добила возачка дозвола, по 960 обиди. Корејските медиуми известиле де Ча Сасон го положила практичниот дел од обуката минатиот месец, после десет обиди.


Меѓутоа возачите во Јужна Кореја мораат прво да го положат писмениот тест, што за неа било посебно тешко. Таа цели пет години полагала скоро секојдневно, и стално паѓала, се до лани, кога конечно успеала да положи. Таа се занимава со продажба на зеленчук, а сега има намера да купи мал половен автомобил за да може да оди со него на работа.