Една британка почнала да полага возачки испит во 1981 година. Паднала на тестот 12 пати, се откажала 35 и имала 50 лажни испити. Сега е конечно спремна да седне зад воланот.
-Ми требаше време да станам свесна дека положив. Од среќа ја бакнав жената која ми беше во комисија – изјавила.
Тереза вели дека сега има многу подобра концентрација отколку порано. Престанала да пие кафе и чај. Се обидува да не мисли колку време и пари потрошила за возачкиот испит.
-Имав многу инструктори бидејќи некои буквално ме исфрлаа од автомобилот. Но, јас одлучив дека ќе положам – додава.
Инструкторот со кој го положила испитот вели дека морал да биде многу строг со необичната ученичка поради нејзината слаба концентрација. Бил воодушевен кога положила.
-Беше луда. Морав да ја смирувам. Испитувачката беше загрижена за неа – изјавил инструкторот.