Првиот албум на легендарните Битлси, “Please please me”, бил објавен на 22 март 1963 година, а снимен бил во еден ден за 12 часа. Бендот сите 14 песни успеал да ги сними во рок од 14 часа, а последната песна на албумот, познатата “Twist and Shout”, била снимена од првиот обид. Албумот бил на првото место на топ листите во Велика Британија 30 седмици, а од тоа место бил симнат од вториот албум на Битлси “With the Beatles”.
Со излегувањето на првиот албум започнала и Битлсоманијата, во чие времетраење 11 од вкупно 12 албуми на бендот биле на првото место на топ листата. За само една година Битлсоманијата се проширила низ светот предизвикувајќи сцени како познатото доаѓање на бендот во САД во февруари 1964 кога ги доечекале илјадници фанови. Бендот се распаднал во 1970 година, но фанови имаат до ден денес.