Откако половина од рударите беа извлечени на површина, дошло до мал застој во акцијата поради поправка на вратата на специјално дизајнираната капсула за спасување „Феникс“. Претставник на чилеанската влада истакна дека засега акцијата тече според планот и без проблеми, како и дека нема место за паника.
Спасувачката акција на лице место ја следат роднини на рударите и илјадници новинарски екипи, а преку медиумите драмата во Чиле ја пратат милиони ширум планетата.
Се очекува наскоро сите рудари да бидат извлечени на површина. Сите ќе бидат пренесени во болница каде ќе им бидат извршени детални лекарски прегледи.
Драма со среќен крај во Чиле