Речиси половина од жените кои возат практикуваат да се шминкаат додека управуваат со автомобилот, само поради тоа што стануваат од кревет во последен момент и немаат време да се средат. Истражувањата покажале дека половина од жените од вкупниот број од оние кои имаат возачка дозвола, се шминкаат зад воланот. Дури 46 проценти од нив признале дека го прават тоа, а 43 проценти од нив знаеле дека тоа е погрешно, но ќе продолжеле.
Дури 450 илјади несреќи на патиштата ги предизвикуваат жените кои се средуваат додека возат. Од друга страна само 14 проценти признале дека шминкањето им влијае на возењето. Сјај за усни, маскара и кармин се шминките кои најчесто се користат во автомобилите. Причината поради која се шминкаат додека возат лежи во тоа што само пет минути посветуваат на шминкањето дома. Жените не се сминкаат само во автомобилите. во автобус се шминкаат 43 проценти од нив, а во воз дури 64 проценти.