Околу 43 проценти од жените во чантите секогаш носат резервни гаќи, кои им служат „за секој случај“, дали поради припрема за можен секс или едноставно како резерва, доколку оние кои ги носат не им се допаѓаат, покажала студијата на британската компанија „Sainsburis Lingerie“. Анкетата спроведена на 2500 возрасни жени покажала дека при изборот на долна облека најмногу влијае конфекцискиот број на жената.
Повеќе од половина од жените за денот на вљубените ќе носат посебна секси долна облека. Повеќето од нив носат резервна долна облека како не би им се случила сцената од филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“, во која Рене Зелвегер ги открива своите неугледни големи гаќи пред избраникот на своето срце.