Некрунисаниот крал на Твитер Џастин Бибер на таа друштвена мрежа има дури 37 милиони следбеници. Меѓутоа, според извештајот на статистичката компанија “SocialBakers”, половина од нив се лажни и неактивни профили.
Компанијата “SocialBakers”, која се занимава со статистика на друштвените медиуми јавила дека Бибер има 16,7 милиони лажни следбеници на Твитер и уште 2,6 милиони неактивни. Според резултатите на истражувањето, Бибер на на второто место на најпопуларни на Твитер, додека водечката позиција ја има Лејди Гага. Сепак, се претпоставува дека и таа има 15 милиони лажни следбеници.