Невработеноста е најголем проблем за повозрасната охридска  популација. Евиденцијата на невработени во Агенцијата за вработување, говори дека половина од невработените охриѓани се со навршени 40 години.

Според статистичките показатели заклучно се октомври, од вкупно 10.920 невработени охриѓани, според старосната распределба најголем број  отпаѓа на лицата со над 40 години или  вкупна 5.906. На возраст од 30 до 40 години запишани се 2.226 невработени лица, а преку Центарот вработување во Охрид работа бараат и  2788 лица, помлади од 30 години.

Според степенот на обазование меѓу навработените, најмногубројни или 3.289 се неквалификуваните работници. Со завршено средно образование евидентирани се 2.652 лица, а трети по бројност се полу квалификуваните работници со 1.069 евидентирани. Најверојатно потоа следуваат вишистите и високообразованите за кои во статистиката на веб страната на Агенцијата за вработување нема евидентирано точна бројка.

Според временскиот рок на чекање на списоците за вработување во Охрид најмногубројни или 4.039 лица, за вработување чекаат повеќе од 5 години. Од 2-4 години чекаат 2.766 невработени охриѓани, а приближно толку или 2.726 за вработување чекаат од 6 месеци до 2 години. Најмала е бројката на невработени кои на списоците се евидентирани помалку од 5 месеци или 1.389 лица.

Е.Е.