Повеќе од половина од мажите се спремни да се оженат за пари, дури и ако идната невеста е стара, грда и досадна, пишува британскиот таблоид  “Miror”. Истражувачите навеле дека поради финансиската криза се повеќе има машки „спонзоруши“. Резултатите на нивната анкета покажале дека дури 55 проценти би се ожениле само поради парите, без оглед на квалитетите на партнерката.


Студијата открива дека и жените стануваат се повнимателни при стапувањето во брак, односно 29 проценти од нив бараат потпишување на предбрачен договор. Психологот Беверли Стоун рекол дека мажите денес повеќе сакаат со главата отколку со срцето. Најважна според него за стапување во брак во денешно време е финансиската сигурност која може да ја пружи партнерката.