До 16 часот околу 52 проценти од гласачите во општина Охрид го ствариле правото на глас.

„ Немаше никакви нарушувања освен мали пропусти кои беа санирани веднаш и се помина без проблеми. Во врска со случајот во Воска направена е ненамерна грешка од страна на претседателот  на избирачкиот одбор. Оттаму сме известени за пропустот и реагиравме на време, грешката се стави  во записник и гласањето непречено продолжи“, изјави претседателката на општинската изборна комисија, Марика Ангелеска.

Општинската изборна комисија потврди дека до 13 часот  своето право на глас во општина Охрид го оствариле 30 проценти од вкупно запишаните гласачи.

Како што веќе објавивме, до 10 часот претпладнето, на локалните и претседателските избори во охридската општина од вкупно запишани 53 893, своето право на глас го остварија 7, 16 проценти од граѓаните.

Ohridnews