Облаци прашина се креваат во центарот на Охрид деновиве поради интензивното уривање на старата зграда на библиотеката. Половина од објектот веќе е урнат, а општината се надева дека и остатокот од зградата ќе се урне до почетокот на Самитот на претседатели кој од 2-ри до 5-ти мај ќе се одржи во Охрид.


Половина од библиотеката урната

И додека тешката механизација ги расчистува урнатините, НУ Библиотека „Григор Прличев“ мака мачи каде да го смести библиотечниот фонд кој се чуваше во сега веќе разрушената зграда. Сличен проблем има и Бирото за развој на образованието кое е во потрага по нови простории. Првите решението на проблемот го гледаат во отстапување на Домот на АРМ на библиотеката, додека вторите се надеваат на трајно решение со добивање простории во зградата на поранешен СОК.

ohridnews