Бас Рок е мал остров кој и припаѓа на Шкотска, но негови вистински господари се птиците, пренесуваат медиумите. Овој карпест остров за време на сезоната на парење не може да се види од стотици илјади птици кои застануваат на него. Тој претставува најголема светска колонија на блуните. Според некои проценки во тој период на островот можат да се видат околу половина милион птици меѓу кои најбројни се блуните, галебите, морските папагали и нуркачите.

Островот е од исклучителна важност за морските птици, посебно за блуните, кои секоја година се враќаат на ова место да се парат да полагаат јајца. Бас Рок се формирал пред околу 320 милиони години и претставува остаток од некогаш активен вулкан. Луѓето во него живееле до 1988 година, а единствен сведок за нивното присуство е напуштениот светилник.