Поради испади во електро- мрежата делови од Охрид вечерва повеќе од еден час останаа без електрична енергија. Делови од градот се без струја и подолго. Дефектот, како што дознаваме, се случил на трафостаницата во Лескајца околу 21.50 часот. Со интервенција на дежурната екипа на ЕВН подружница Охрид, исклучените делови од градот постепено добиваат електрична енергија. Во времето на отстранување на дефектот во кратки интервали доаѓаше напојување по што повторно се случуваше прекин, што негативно влијае на апаратите во домаќинствата.


Делови од Охрид потонаа во мрак

Сличен испад во електро-мрежата имаше и минатата среда, кога исто така делови од Охрид беа во мрак повеќе од еден час. Голем дефект на електросистемот се случи и на самиот дочек на Нова година, кога дел од предградијата и некои населби останаа без електрична енергија до доцна во ноќта. Зачестените испади во електро-мрежата според стручњаците се должат на зголемената потрошувачка на електрична енергија, што ја наметнува потребата од подобрување на капацитетите на преоптоварениот електроенергетскиот систем кој го снабдува Охрид.

Ohridnews