Група крадци од Манчестер шест месеци копале тунел долг 30 метри, за да украдат околу шест илјади британски фунти од банкомат, известила полицијата.
“За време на својата долгогодишна служба немам видено ниту доживеано нешто слично на ова. Овие луѓе очигледно поминале доста време осмислувајќи го планот“, вели детективот кој работи на случајот.
Банкоматот е сместен во зграда до која крадците ископале тунел, во кој ставале и потпорни греди, а инсталирале и осветлување за подобро да се снаоѓаат во мракот. Кражбата е откриена почетокот на месецот, кога обезбедувањето дошло да го наполни банкоматот со пари. Во Британија е забележан сличен обид во 2007 година.