Фудбалерите на Џенова, со еден освоен бод се враќаат од гостувањето кај Спал откако ремизираа 1-1 во последниот натпревар од 13-та рунда во Серија А.

Најинтересните моменти од мечот се случија во разлика од две минути. Во 55-та минута домаќините поведоа со 1-0 а само две минути подоцна гостите изедначија. Горан Пандев кој дуелот го започна на клупата во игра влезе во 60-та минута.

Џенова и покрај освоениот бод останува во опасната зона. Таму се наоѓа и Спал.

OhridNews