Охридските екипи на завршницата од Детската фудбалска лига во Скопје забележааа половичен успех.
Три од шест учесници обезбедија пласман во следната рунда. Две од трите екипи доаѓаат од Фер Плеј (2003 и 2005 година), а третиот преставник е Академија Пандев (2000 година).
„Виолетовите“ со екипата од 2005 година играат во финалето против Вардар, со генерацијата 2003 во полуфиналето, а „академците“ за противник во полуфиналето го имаат составот на Металург.
Резултати :
1999г : Академија Пандев – Брегалница 1-1 (6-7 пенали)
2000г : Академија Пандев – Шампион 4-2
2001г : Еврофудбал – Работнички 0-2
2002г : Академија Пандев – Академија Пандев (Струмица) 1-2
2003г : Фер Плеј – Бешикташ 2-2 (3-2 пенали)
2004г : Фер Плеј – Вардар 2-5
2005г : Фер Плеј – Гостивар 5-0
Мх.П.