Втора победа во исто толку кола во кадетското првенство за охридските Колибри. “Колибрите“ до втората победа стигнаа откако го совладаа лидерот на табелата Водњански Лисици со 78-60.

Најзабележителен беше Туран Шазиман кој со рекордни за него 31 поен го прослави својот роденден. Филип Баткоски постигна 23, додека поени уште постигнаа  Ристе Настески 9 и Александар Рочески 13.

Битолски Пелистер беше поуспешен од Колибри во натпреварот од помладата кадетска лига ген. 95. Нино Цветаноски со 13 поени беше најпрецизен во поразот од 43-59.

M.П.