Според едно неодамна направено истражување, полните жени имаат далеку помали шанси да најдат работа во однос на оние кои имаат складна и витка фигура.
Научниците тврдат дека се работи за дискриминација врз основа на телесната конституција, бидејќи работодавачите полните жени ги гледаат како мрзеливи, па им даваат помалку шанса да покажат што знаат и умеат. Она што исто така загрижува е и тоа што освен помалите шанси за работа, полните жени добиваат помала плата и имаат помалку можности за напредување.