Податоците на швајцарските научници собрани од 33 испитаници сугерираат дека полната месечина може негативно да влијае на квалитетот на сонот. Истражувачите од универзитетот во Базел своите наоди ги објавиле во списанието “Current Biology”, во кое напишале дека сонот на испитаниците бил контролиран во лабараториски услови и потполно затемнет простор.
Истражувањето покажало дека во ноќите со полна месечина на испитаниците им било потребно повеќе време да потонат во сон. Сонот тогаш им било пократок и испрекинат, а и потешко влегувале во фаза на длабок сон. Кај учесниците во истражувањето било забележано пониско ниво на хормонот мелатонин, кој е поврзан со функционирањето на таканаречениот внатречен часовник на организмот. До намалување на нивото на мелатонинот доаѓа поради промените на изложеноста на светлина за време на денот и ноќта.