Властите во округот Кол во американската држава Мисури понудиле полн пансион во окружниот затвор Џеферсон Сити по цена од 30 долари. На оваа идеја дошле бидејќи сакале да ги испитаат условите во затворот пред во него да бидат сместени затвореници. Се пријавиле дури 170 лица, меѓу кои имало адвокати, новинари, но и еден брачен пар кој во него се одлучил да ја мине својата прва годишнина.
Окружниот шериф изјавил дека тие можеле да искусат како е да се биде зад решетки, а за тоа да не добијат криминално досие. Гостите имале полн затворски третман, морале да ги остават своите лични предмети, да дадат отпечатоци од прстите и да се фотографираат. Боб Вотсон, новинар на локалниот весник, напишал дека најголемиот проблем во затворот е неможноста на избор. На крајот затворениците за спомен ги добиле својата затворска фотографија и затворска маица.