Сите 25 фудбалери на Интер пријавени за натпреварите во Лигата на Шампиони  отпатуваа за Барселона за утрешниот реванш натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Во експедицијата на Мурињо се најдоа и суспендираниот Дејан Станковиќ, четвртиот голман Вид Белец, Весли Снајдер кој се жалеше на проблем со мускулите како и  проблематичниот Марио Балотели.

Целосната листа на фудбалери на Интер гласи: Франческо Толдо, Хулио Цезар, Паоло Орландони и Вид Белец како голмани.

Во одбраната се Иван Кордоба, Хавиер Занети, Лусио, Маикон, Марко Матераци, Ввалтер Самуел, Кристијан Киву и Давиде Сантон.

Средниот ред го сочинуваат Дејан Станковиќ, Рикардо Кварезма, Тијаго Мота, Весли Снајдер, Сули Мунтари,Рене Крин, Марига, Естебан Кампијасо.

Нападот го предводат Диего Милито, Горан Пандев, Марио Балотели и Марко Арнаутовиќ.

Интер ја победи Барселона во првиот натпревар на Џузепе Меаца со резултат 3:1