Група од околу стотина полски туристи, денови “крстосуваат“ вдолж охридската чаршија. Ваква слика, како што велат туристичките работници, долго време не е видена.

Полските туристи се одлучиле да го вметнат Охрид во „балканската разгледница“, тура која тие ја прават во текот на една седмица, а покрај Охрид и Македонија ги посетуваат Хрватска, Црна Гора и Србија.

Охрид со своите убавни и непосредност е доста атрактивен и привлечен за туристите кои имаат разно разни прашања за туристичките водичи кои ја раскажуваат охридската приказна.

Полјаците ги интресира од се по малку, дел се интересираат за природните убавини и богатства, некои прашуваат за црквите и манастирите, а неизбежно прашање е каде има евтино пиво – вели Кристина Пипиле, водич на групата туристи.

Временските прилики воопшто не им пречеа на “студените“ полјаци кои ја искористија можноста да се “разладат“ во водите на Охридското Езеро.

М.П.