Полската полиција уапси напаѓач (27) кој прободе осум лица во трговски центар во Сталова Вола со нож, од кои еден почина од повредите. Повредените се згрижени во болниците во градовите Сталова Вола, Тарнобзег и Сандомиерц, според АП. Портпаролот на полицијата, Андреј Вршина, изјави дека нападот се случил по полноќ со остар предмет и дека напаѓачот бил Полјак од Сталова Вола.
Полицискиот службеник Ана Кле изјави за агенцијата ПАП дека нападот бил извршен со нож и дека 50-годишна жена починала во болницата. „Тој ги нападна луѓето одзади, со нож“, изјави Кле за полската агенција.
Локалните медиуми го идентификуваа напаѓачот како Конрад К. (27), кој е жител на овој град во југоисточниот дел на Полска. Мотивите засега не се познати, а очевидците велат дека дејствувал неконтролабилно додека трчал по луѓето и ги бодел со ножот.
OhridNews
Макфакс