Улиците на Њујорк во средата навечер се претвориле во родео арена. Имено, млад бик успеал да избега на слобода. Полицајци со автомобили се обидувале да го натераат бикот да оди во помалку прометни улици.
По неколку километарска потера, бикот се удрил во полициски автомобил и го оштетил. Полицаец со каубојски вештини, со ласо успеал да го зароби бикот. Животното умрело само по еден час, а ветеринарите сеуште не ја знаат причината за неговата смрт.