Откако полициски хеликоптер едвај избегнал судар со НЛО, тргнал во потера по него. Мистериозното летало се залетало спрема хеликоптерот во кој имало тројца членови на екипажот кои се спремале да слетаат во воената база на министерството за одбрана. Пилотот  морал нагло да сврти за да избегне, како што опишале, летало во облик на чинија. Храбро тргнале во потера, која морале да ја прекинат над северен Девон пред да останат без гориво.


-Уверени се дека е НЛО. Звучи чудно, но тие знаат што виделе. Тие сепак се професионалци. Свесни се дека луѓето ќе ги исмејуваат бидејќи нема докази-рекол неименуван извор.
Портпаролот на полицијата на јужен Велс потврдил дека радарите регистрирале необично летало кога се случил инцидентот.
-Го пријавивме случајот каде што треба за понатамошна истрага-додал.