Полицијата во Сиера Леоне ги повикала војската и противпожарните служби на помош за да ја врати под контрола полициската станица во градот Герион која ја завзеле стотици змии. Иако пробале да ги истераат со палење оган и чад, кобрите не сакале да се повлечат.На помош биле повикани и скротувачи на змии, но не помогнало ниту нивното свирење.

Вработените се во паника. во зградата има змии и никој не знае од каде можат да излезат. Војниците и пожарникарите стигнале од главниот град Фритаун за да пробаат да ги истераат змиите со голема количина вода. Се претпоставува дека има околу 400 змии.