Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција, денеска во 20 часот, во зградата на  Општина Дебрца во Белчишта, организираат работен состанок со членовите на Советодавната група граѓани од Дебрца.

На состанокот ќе се анализираат состојбите околу нарушувањата на јавниот ред и мир, неовластеното пукање со огнено оружје на семејни и други веселби, проблемот со продажба на алкохол после 19 часот а посебно  продажба на малолетниците. Состанокот ке биде искористен за информирање на месното население за состојбата и опасностите од пожари, со плановите за превентивно делување, со состојбите со депониите за отпад на подрачјето, со активностите на ловните друштва пред почетокот на ловната сезона  и сл.

Ohridnews