Француската специјална полиција која од изутрината во предградието Сен Дени е во акција по осомничени за нападите на 13 ноември во Париз кога загинаа 129 луѓе, а 350 беа повредени соопшти, дека загинале две лица, вклучувајќи и една жена која се самоубила со активирање бомба, јави новинската агенција Франс прес.
Во информациите се наведува дека во еден стан во ова предградие се наоѓале неколку луѓе, меѓу кои и главниот организатор на терористичките напади во Париз Абделхамид Абауд од Белгија. Во меѓувреме, во Сен Дени, како што јавуваат новинските агенции, денеска биле распоредени и 50 француски војници.
OhridNews
Извор:„Радио Слободна Европа“