Полицијата донекаде успеала да го расипе расположението на веселите студенти на калифорнискиот универзитет кога им запленила вистински капиталец, џоинт тежок речиси еден килограм. Тоа се случило на денот на марихуаната кога многу американци одлучуваат да го прекршат законот и јавно да запалат џоинт и тоа во кругот на универзитетот Калифорнија.

Како што јавиле медиумите, на прославата се собрале повеќе од илјада весели студенти, на кои полицијата донекаде им го расипала расположенито. Во полицијата рекле дека им е поедноставно да ги запленат највидливите џоинти отколку да го забранат целиот настан.