Полицијата запленила 120 кг. риба и 40.000 зрна икра
15.09.08 15:43
Од почетокот на оваа година до сега, Криминалистичката полиција и Полициското оделение Пештани при СВР Охрид, спроведоа повеке акции за пронаоѓање рибарски мрежи и откривање на лица кои се занимаваат со незаконит риболов, криумчарење и прикривање на риба.
Во првите осум месеци од оваа година, од водите на Охридското езеро, на потегот од Љубаништа до каналот кај ,,Билјанини извори,, со пловен објект, извадени се и запленети вкупно 78 рибарски мрежи чија просечна должина изнесува до 50 метри. Пронајдени се и запленети близу 120 килограми разни видови риба претежно охридска пастрмка, 40 .000 зрна икра како и повеке телескопи, жили со блинкери, рибарски сачми и друг рибарски прибор.
Вкупно од почетокот на годинава припадниците на Полициската станица за обезбедување на државната граница во водите на Охридското Езеро пронашле и одзеле околу 600 рибарски мрежи со вкупна должина од околу 50 километри. Покрај мрежите запленети се и 144 жили со 720 блинкери, а пронајдени се и околу 140 килограми разни видови риби. Во првите неполни девет месеци, против 6 лица се поднесени 4 кривични пријави поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Неконит риболов“, додека против едно лице е поднесена прекршочна пријава по Законот за рибарство и аквакултура.
Одземената риба, со записник е предадена во Хидробиолошкиот завод – Охрид за понатамошна техничка анализа.
СВР Охрид и понатаму интензивно ке работи на сузбивање и санкционирање на сите облици за незаконит риболов во водите на Охридското езеро, се наведува во информацијата на СВР Охрид.
Мобилна апликација која ја разви Министерството за образование и наука им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа лесно и на дневна ...
ЈП „Охридски Комуналец” ги известува жителите од улиците „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска” и „Железничка” дека утре и во сабота ќе врши доделување на садови за отпад од пластика и хартија, за кори...
Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во декември 2024 година државава ја посетиле 55 371 турист, од кои 385 % биле домашни, а 615 % странски туристи Во декември 2024 година бил...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.