Во петокот  во 18,00 часот наспроти с.Радожда-Струга, на оддалеченост од околу 500 метри од брегот, во водите на Охридското езеро, од страна на овластени службени лица од „Езерска контрола“-Охрид, пронајдени биле три рибарски мрежи без улов.

Риболовниот алат е одземен и однесен во полициската „Езерска контрола“-Охрид за понатамошна постапка.

Ohridnews
извор:МВР