Рибокрадците и натаму продолжуваат да го пустошат Охридското Езеро. Откако неодамна беа затекнати рибокрадци од Албанија длабоко во македондки води, ноќеска се забележани нови случаи на незаконски риболов.

Езерската полиција синоќа во 23,00ч.часот наспроти авто кампот Градиште на оддалеченост од околу 10 метри од брегот на езерото пронашла пет рибарски мрежи со улов на две парчиња риба со тежина од 2,2кгр.  Нешто подоцна, околу 01,30 часот кај с.Трпејце, на оддалеченост од околу 10 метри од брегот на езерото пронајдени биле уште три рибарски мрежи со улов на две парчиња риба со тежина од 1,7кгр.

Пронајдениот риболовен алат со уловот се одземени и предадени во АД „Инекс Горица“-Охрид, соопшти полицијата.

Ohridnews