Полицијата заплени нова количина рибарски мрежи со кои се врши незаконски риболов во водите на Охридското Езеро.

На 06.02.2009 година во 12,00 часот во водите на Охридското Езеро, при вршење на патролна служба од страна на припадници на Езерската полиција – Охрид, на потегот од с.Калишта до с.Радожда на оддалеченост од 500 метри од брегот, пронајдени се 17 рибарски мрежи со улов од триесет и девет парчиња  риба, со вкупна тежина од 4,1кг.

Риболовниот алат заедно со уловот е пренесен во ПС за понатамошна постапка, соопшти полицијата.

Ohridnews