Во коорганзација на германската фондација “Ханс Сидел“ и германската сојузна држава Бранденбург, во Охрид денеска почнува дводневен семинар на тема „Развојот во областа на безбедносната политика и економијата во Македонија во соработка со други земји“.
Семинарот кој е во рамките на проектот “Охридски разговори“, е посветен на поддршката на Македонија на патот кон нејзиното зачленување во Европската унија.
На првиот работен ден од семинарот, обраќање ќе има министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска која ќе говори на темата – “Важни аспекти и потреби на внатрешната безбедност во мултиетничка држава.
На семинарот учество ќе земат и вицепремиерот на владата на РМ, Зоран Ставревски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, како и високи функционери од безбедносниот сектор од сојузната германска држава Бранденбург, експерти од ЕУ и функционери од безбедносните сектори од соседните Албанија и Бугарија.
ohridnews