И покрај високата технологија која може да прочита регистарски таблички од воздух и да открие радијација уште пред да се појави, њујоршката полиција сеуште користи рачни и електрични машини за пишување. Тие сеуште се приврзани за нив и не планираат да ги откажат во догледно време. Склопиле договор со една фирма од Њу Џерси вреден околу 500 илјади евра.


Во наредните три години фирмата треба да им испорача илјада машини за пишување. Иако полициските системи се целосно компјутеризирани, полицајците своите извештаи сеуште ги пишуваат на машини за пишување. Некои стручњаци тврдат дека тоа ја успорува полициската работа.