Стјуарт Кенеди, 25-годишен студент од Абердин, работи како стриптизер. Најчесто облекува полициска униформа и поради тоа го уапсиле дури 22 пати. Во полицијата има поминато вкупно 123 часа.


Првиот пат го уапсиле пред две години, но судот секогаш го ослободувал. Јавноста и се лути на британската полиција бидејќи се потрошени околу 225 000 евра на стриптизер кој имитира полицаец, наместо да се занимава со вистински злосторства.