Македонската полиција деновиве во Охрид ќе дебатира, но и ќе спортува.
Во Организација на МВР денеска во х. Гранит ќе се одржи меѓународна тркалезна маса на тема: „Систем на кариера и управување со човечките ресурси во полицијата“.
Попладне во спортскиот комплекс во Св. Стефан свечено ќе бидат отворени Четвртите средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат.
Се очекува на двата настани учество да земе министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Ohridnews