Кинеската полиција уапсила 25 патници кои ги отвориле излезите за итни случаи на авион чие полетување доцнело повеќе часа поради снег. Патниците биле присилени да седат во авион повеќе часа доцна во петокот и рано во саботата откако нивниот лет од местото Кунминг кон Пекинг бил одложен. Откако побарале поради здравствени причина да им се дозволида го напуштат авионот, дел од патниците ги отвориле излезите за итни случаи во намера да го сопрат летот и да го натераат авионот да се врати на терминалот. Двајца од патниците се казнети со по 15 дена затвор поради кршење на јавниот ред. Тие биле дел од групата најгласни патници.
Останатите патници биле приведени поради сослушување, но подоцна биле ослободени. Еден неименува патник твди дека патниците биле загрижени бидејќи копилотот не можел да се контролира и многу пцуел. Авионот, пред овој инцидент доцнел пет часа. Инаку, ова е само еден во низата инциденти со патници во кинеските авиони. Минатиот месес еден авион кој летал од Тајланд до Кина бил приморан да се врати во Бангкок откако еден патник ја потурил стјуардесата со врела вода.