Еден човек од Хелс Корнерс, САД, го обвиниле за крадење на женски гаќи од една куќа која била ставена на продажба. Трговецот со недвижности Џим Турзински рекол дека полицијата го известила дека некој украл нешто од куќата која ја продавал. Крадецот не украл ниту пари ниту кредитни картички, туку женски гаќи.


Во автомобилот на крадецот полицијата пронашла три вреќи полни со женски долен веш, за кои тврдел дека и припаѓаат на неговата поранешна сопруга. Полицијата сеуште нема одлучено какво обвинение ќе подигне против крадецот.